АКВАВАТ
АКВАВАТ е водечка компанија за проектирање и планирање во Македонија, специјализирана за проектирање и имплементација на мали хидроцентали, со капацитет до 10MW.
Ние изработуваме проекти и програми за развој, со приоритет во користењето на обновливата енергија, одржливоста, управувањето со ресурси и заштита на човековата околина. Од наше најголемо значење е одржувањето на највисоките стандарди во инженерството и консултантските услуги.

Нашите услуги
Изработуваме проекти за целиот спектар на технологии во секторот обновлива енергија и ги поддржуваме нашите клиенти низ сите фази на проектот, од физибилити студии до пуштање во производство на централата
Физибилити студии
Физибилити студиите се првата и најважната фаза во одредување на сите позитивни и негативни аспекти на проектот, пред почеток на инвестирање во таквите проекти. Ние ја испитуваме техничката можност и финансиската исплатливост, за да обезбедиме основа за наоѓање на потенцијални инвеститори на проектот.
Due Diligence
Due diligence е истражување на потенцијалната инвестиција или производ за да се потврдат сите факти, како проверка на сите финансиски, технички и правни податоци, и други проценки на материјали. Тоа е како проверка која рационална личност би ја направила, пред да склучи договор или направи финансиска трансакција со друга страна.
Основен проект
Аквават е посветен на испорака на највисоко ниво на услуги на купувачите на полето на проектирање, ревизија и супервизија. Нашите основни проекти ги комбинираат сите фази: архитектура, градежништво, електромеханички проекти.
Ревизија
За намалување на ризиците од проблеми за време на изградбата на објектот, проектот треба да биде предмет на ревизија.
Супервизија
Целта на супервизијате е да се следат перформансите на градежните работи од повеќе аспекти: квантитативни, квалитативни и геометриски; буџетски; производство и крајни рокови; стартување и работење.
Консалтинг
Нашата огромна експертиза во полето на хидроцентрали - техничка, финансиска и правна, е на располагање на нашите клиенти
Аквават во бројки
АКВАВАТ има завршено над 90 проекти со различни инвестициски компании во Македонија, Грузија, Косово и Босна и Херцеговина, во полето на обновлива енергија, особено во производство на хидроелектрична енергија. Вистинската природа на овие проекти и програми сведочи за нашата посветеност да испорачаме најоптимални решенија во искористување на хидро потенцијалот, истовремено максимизирајки го намалувањето на негативните ефекти на климатските промени.