Некои од нашите успешни приказни

Посветени на производството на чиста енергија од мали хидроцентрали, со 100% посветеност кон обновливата енергија и заштитата на човековата околина.
Дознајте повеќе за некои од нашите референци.

Одржување | низ целиот свет

Зголемена достапност на системите

Ние работиме за да осигураме вашиот систем да работи и произведува, со развивање на прилагодени решенија, сведување на трошоците на најниско ниво, и намалување на времето на испади

Ние го подобруваме вашето одржување и ги намалуваме ризиците, овозможувајќи ви да се фокусирате на основниот бизнис.

Обуките водени од врвни експерти го подобруваат знаењето и вештините на вработените во централата. Нашите услуги вклучуваат покрај техничка поддршка, и проценка и консултации.

МХЦ Јабланица | Македонија

Електрицитет за 5.600 домови

ФероИнвест испорача комплетното клуч-на-рака решение, и беше одговорен за инженеринг, набавка, склопување и пуштање во употреба на централата.

Со излезна снага од 3.8 мегавати, централата може да генерира околу 12 милиони киловат часови секоја година и со тоа да снабди 5,600 домаќинства.

Флексибилноста и искуството на ЕМС тимот обезбедија 24/7 оперативност и одржување

Мониторинг | низ целиот свет

24/7 безбедна и доверлива работа

За да останеме еден чекор напред, ние секогаш развиваме нови методологии за ефикасна анализа на податоци, дијагностика и рано откривање на грешки.

Дијагностика на специфичните параметри и споредба со измерените вредности, и со очекуваното однесување, зависно од специфичните услови на централата и режимот на работа на машините.

Целосна далечинска контрола и договори за мониторинг, вклучувајќи и целосна администрација на хидроцентралата

МХЦ Врановска | Македонија

Високо ефикасно генерирање на чиста енергија

ФероИнвест испорача комплетното клуч-на-рака решение, и беше одговорен за инженеринг, набавка, склопување и пуштање во употреба на централата.

Набавката вклучуваше турбини, генератори и комплетна електрична опрема, како и целиот систем за контрола на централата.

Пелтон турбина со четири млазници произведена од ФероИнвест.

МХЦ Бошавица | Македонија

Генерирање на енергија од земјоделски систем за наводнување

ФероИнвест го испорача комплетното клуч-на-рака решение, прилагодено според условите на терен, и беше одговорен за инженеринг, набавка, склопување и пуштање во употреба на централата.

Набавката вклучуваше турбини, генератори и комплетна електрична опрема, како и целиот систем за контрола на централата.

Две нови Францис турбини произведени од ФероИнвест.