МХЦ Бошавица

  • ФероИнвест го испорача комплетното клуч-на-рака решение, прилагодено според условите на терен, и беше одговорен за инженеринг, набавка, склопување и пуштање во употреба на централата.
  • Набавката вклучуваше турбини, генератори и комплетна електрична опрема, како и целиот систем за контрола на централата.
  • Две нови Францис турбини произведени од ФероИнвест.
Годишно производство на енергија (MWh)
3192
Годишно намалување на CO2 (t)
2500
Максимална оперативна моќ (h)
1500

Дознајте повеќе за нашите проекти

Генерирање на енергија од земјоделски систем за наводнување

Започната со работа во 2017, МХЦ Бошавица го користи вишокот на вода од земјоделскиот систем за наводнување за време на периодот за наводнување (четири месеци во летото). Во останатиот дел на годината целокупната вода се користи за производство на енергија.

Опис на проектот

  • Инсталиран воден тек од 3 m3/s со вкупен пад од 38 m
  • Комплетно електро-техничко решение со две Францис турбини со вкупна моќност од 1.000 kW
  • Синхрони генератори 1 x 780 kVA и 1 x 310 kVA
  • Инженерство, производство, набавка, инсталација и пуштање во употреба на електро-механичката опрема
  • Автоматизиран машински систем со визуелизација на процеси

Придобивки за клиентот

  • Скроено по мерка клуч-на-рака решение
  • Ценовно компетитивна, пријателска кон човековата околина, обновлива енергија
  • Доверливи и безбедни електро-механички компоненти/системи
  • Сите операции се според еколошките барања и барањата за квалитет