ЕМС

изведува програми за одржување во индустријата на обновлива енергија, со респонзивни, плански, превентивни и надвор-од-работно-време пакети

ЕМС работи и како инспекциско тело, изведувајќи периодични и годишни тестирања на електричната опрема и на електраните. Одржувањето на електрана е комплексен оперативен, логистички и технички процес, на кој многу му влијаат локацијата, транспортот и комуникацијата.

Нашите услуги

ЕМС со своето програмирано одржување на (мали хидро) електрани, гарантира вистинско исполнување на правните, техничките и технолошките барање и одговорности, истовремено обезбедувајќи безбедност на луѓето на сите локации, во секое време.

Оптимизација и спецификација на опрема

Ефективната оптимизација на опремата и одржувањето, ја штити вашата инвестиција и ја подобрува искористеноста со минимизирање на времето на испади, го продолжува животниот век на опремата, ги намалува енергетските загуби и другите оперативни трошоци, и ги оптимизира перформансите.

Оптимизација на мрежа

Ние учествуваме во оптимизација на дефинирањето на местото на спојување во дистибутивната мрежа на малите хидроелектрани, кое е поддржано од специјализиран софтвер за оваа намена. Ние нудиме консултантска и експертска помош, како медијатор во процесот на преговарање, во корист на потребите на инвеститорот.

Дизајн и конструкција на турбини

Дизајн и конструкција (CFD и стрес анализи) на хидраулични турбини и придружна машинска опрема. Ние ја подготвуваме техничката документација за фабричкото производство, координацијата и организацијата на производниот процес на сите механички делови.

Системи за автоматизација

ЕМС обезбедува комплексна автоматизација и SCADA решенија за сите типови на процесирање на водата, од инженеринг до пуштање во употреба. Ние планираме, градиме, инсталираме и пуштаме во употреба комплетни системи за автоматизација за хидроцентрали. Го оптимизираме целиот систем за да постигнеме највисока доверливост и ефикасност, по најдобри цени.

Инсталација, тестирање и пуштање на електро-механичка опрема

ЕМС има развиено стандардна процедура за инсталација на опрема, пуштање во производство и системска обука, кои ќе ви испорачаат инсталирана и тестирана опрема, со минимални прекини и испади од производство и јасна временска рамка дефинирана во самиот проектен план.

Инспекција - Тестирање

ЕМС поседува ISO 17020 сертификат за техничка проверка и периодично тестирање на централи и електрична опрема, вклучувајќи и: генератори, мотори, струјни трансформатори, инструментни трансформатори, прекинувачи, заземјувачи, кондензатори, заштита од громови и заземјување, заштитни релеи, батерии, електрични инсталации и др.

Мониторинг

За постигнување на безбедност на електраната, примарна задача на мониторингот е да ги идентификува индивидуалните оптимум услови, препознае потенцијална штета што порано и да ги оптимизира режимите на работење. Ние гарантираме 24/7 безбедност и доверливост на работењето на вашата хидроцентрала.

Одржување

Непланирани поправки, откривање на проблеми, или чекање на резервни делови - секоја минута на испад на хидроцентралата чини пари. Ние ве поддржуваме во секоја фаза на животниот циклус на вашата хидроцентрала со за вас скроени и планирани решенија и сервисни пакети.

Нашите вештини

Пристапот на ЕМС кон ефикасното и безбедното управување на хидроцентралите вклучува имплементација на компјутерски моделирана програма за одржување, која го намалува бројот на поправки и тековни трошоци за одржување, а со тоа го зголемува работниот век на хидроцентралата.
ЕМС 24/7 корисничкиот сервисен центар обезбедува ефективни и навремени услуги.

Изведени инспекции
59
Проекти за инсталации, тестирања и пуштања на ЕМЕ
122
Договори за одржување
41