ФероИнвест Клуч-на-Рака решенија

Фероинвест нуди индивидуално решение за секој клиент.
Од почетната физибилити студија, преку основниот проект, изградба и инсталација, до предавање во работа и контрола на производството на електрична енергија, со 24/7 мониторинг систем за брза реакција.

Наша основна цел е да ви обезбедиме високо ниво на поврат на инвестицијата, истовремено минимизирајки го целокупниот ризик на портфолиото, со можност да ви обезбедиме доживотно управување со хидроенергијата.

Од вода до чиста енергија

ФероИнвест Клуч-на-Рака решенијата ги оптимизираат процесите на инвестиција во хидроенергијата и инвестициите во другите извори на обновлива енергија. Консалтинг, инженерство, одржување и мониторинг.

Набавка на електромеханичка опрема

Имаме блиска соработка со најдобрите менаџери за набавка, за да обезбедиме стратегија за набавка кој се спроведува уште во фазата на дизајн. Нашиот опсег на набавка ги вклучува сите неопходни компоненти на централата како што се турбини, вентили, генератори, трансформатори, сите видови на преклопници, системи за контрола и заштита и сите помошни системи на централата.

Инженерство

Го прилагодуваме секое решение зависно од дизајнот и опремата, за да постигнеме најдобро решение за секој клиент. Го оптимизираме најдоброто решение за секоја ситуација - базирано на нашето искуство и тестирани модели. Дизајнираме куќишта за турбини, пропелери, ниско волтажни ормани и контролни и заштитни системи.

Производство

Производство на турбини на најнови CNC машини во нашата фабрика - Брако и ниско волтажни ормани - ЕМС.

Инсталација

Инсталацијата на опремата се изведува од електро и машински инженери и техничари со огромно искуство на ова поле. Ние нудиме комплетна опрема, инсталација и поправка за хидроелектраните.

Тестирање

Тестирањето на инсталираната електромеханичка опрема по "најцрни" сценарија е изведено од искусни инженери.

Пуштање во употреба

Процесот на пуштање во употреба се состои од интегирана примена на множество на инженерски техники и процедури за проверка, инспекција и тестирање на секоја оперативна компонента на опремата.

ФероИнвест Клуч-на-Рака бројки

ФероИнвест веќе има 45 договори за клуч-на-рака проекти во Македонија, Грузија и Косово.
ФероИнвест е партнер на кој можете да му верувате. Во секој момент можеме да обезбедиме целосно одржување и набавка на резервни делови. Ние реагираме брзо, работиме ефикасно и штедливо, и секогаш во најдобар интерес на клиентот.

Просечна годишна испорака на енергија (MWh)
281.812
Број на Клуч-на-Рака проекти
70
Годишно намалување на CO2 (t)
220.717