Портфолио на компанијата
ФЕРОИНВЕСТ е динамична, пазарно ориентиран и флексибилен холдинг, основан во 2003, со над 900 вработени. Се состои од неколку компании кои работат во металопреработувачката индустрија, индустријата за обновлива енергија и областите на проектирање и планирање.
Some of FeroInvest Case Studies

Одржување | низ целиот свет
Зголемена достапност на системите
Ние работиме за да осигураме вашиот систем да работи и произведува, со развивање на прилагодени решенија, сведување на трошоците на најниско ниво, и намалување на времето на испади
Ние го подобруваме вашето одржување и ги намалуваме ризиците, овозможувајќи ви да се фокусирате на основниот бизнис.
Обуките водени од врвни експерти го подобруваат знаењето и вештините на вработените во централата. Нашите услуги вклучуваат покрај техничка поддршка, и проценка и консултации.

МХЦ Јабланица | Македонија
Електрицитет за 5.600 домови
ФероИнвест испорача комплетното клуч-на-рака решение, и беше одговорен за инженеринг, набавка, склопување и пуштање во употреба на централата.
Со излезна снага од 3.8 мегавати, централата може да генерира околу 12 милиони киловат часови секоја година и со тоа да снабди 5,600 домаќинства.
Флексибилноста и искуството на ЕМС тимот обезбедија 24/7 оперативност и одржување

Мониторинг | низ целиот свет
24/7 безбедна и доверлива работа
За да останеме еден чекор напред, ние секогаш развиваме нови методологии за ефикасна анализа на податоци, дијагностика и рано откривање на грешки.
Дијагностика на специфичните параметри и споредба со измерените вредности, и со очекуваното однесување, зависно од специфичните услови на централата и режимот на работа на машините.
Целосна далечинска контрола и договори за мониторинг, вклучувајќи и целосна администрација на хидроцентралата